Назепаметен инцидент, дури и за бразилскиот фудбал, се случил на натпреварот помеѓу Комерсијал и Операрио.
Во четвртата минута од судиското надополнување на времето гостинскиот фудбалер Џеферсон Реис започнал брутално да тепа едно од момчињата кои се задолжени за собирањето на топки.
Реис му се нафарлил на момчето, инаку играч на јуниорскиот тим на Комерсијал, бидејќи тој започнал да ја слави победата на тимот за кој настапува.
Соиграч на Реис успеал да го спаси момчето, а потоа на теренот настанал хаос. Нередот на теренот морале да го среда силни полициски сили.
Ова е втор тежок инцидент во Бразил, во период од два дена, откако на дуелот помеѓу Виторија и Баиа поради девет црвени картони беше прекинат.