Бразилскиот фудбалер, Брајан Боргес ја породи својата сопруга пред нивниот стан во бразилски Рецифе откако бебето реши да дојде на свет порано од планираното.
Иако родителите планираа во болница да ја дочекаат приновата, било предоцна, па Боргес мораше да глуми бабица и сам да ја породи својата 26-годишна сопруга. Целата ситуација ја снимиле безбедносните камери.
По заминувањето во болница, лекарите утврдиле дека мајката и бебето се потполно здрави. Брајан фотографии од најважниот ден во неговиот живот сподели на социјалните мрежи.
„Ја ставив Милена на подот, а таа почна да вика `Бебето излегува`. Сесилија се роди 3 килограми и долга 46 сантиметри, без никакви дилеми, тоа е најсреќниот ден во мојот живот“ вели тој.