Бразил стигна до експресно водство во своето осминафинале од Мундијалот во Катар, поведувајќи со 2:0 против Јужна Кореја по само 13 минути игра, покажувајќи ја застрашувачката форма на напаѓачите на едни од фаворитите за титулата.
Винисиус Жуниор уште во седмата минута ги донесе Бразилците во водство со својот прв гол на СП, по брзата акција на јужноамериканскиот тим, за во 11. минута, Ришарлисон да биде фаулиран во шестнаесетникот, а Нејмар, кој се врати во составот по пауза од два меча, беше сигурен реализатор.
VINICIUS JR 1ST WORLD CUP GOAL! pic.twitter.com/akCe2OtKnJ
— TC (@totalcristiano) December 5, 2022
NEYMAR SCORES HIS FIRST WORLD CUP GOAL IN 2022!
— 🇵🇹 (@Asensii20) December 5, 2022