Откако за рекордна сума на пари се пресели во ПСЖ, медиумите секојдневно будно го следат секој чекор на Нејмар кој многу често е критикуван поради својот темперамент и карактер.
Во одбрана на својот најдобар играч и капитен застана селекторт на Бразил, Тите, кој по пријателскиот натпревар со Јапонија, проговорил за релациите кои тој ги има со Нејмар.
„Соработуваме веќе година и пол и веќе ми стана досадно да слушам дека имам проблеми со Нејмар поради неговиот карактер. Не сме совршени, ние сме само луѓе и некогаш реагираме на погрешен начин. Тоа ми се случуваше и мене во текот на кариерата, дали е тоа лошо? Мора в предвид да се земат сите околности, не смеат да се генерализираат работите. Посебно обрнете внимание на карактерот, а не на природата на луѓето. Можам да зборувам за карактерот и големото срце кое го има Нејмар“, рекол Тите.
Зборовите на селекторот предизвикаа емотивна рекација кај Нејмар, кој му се заблагодари, а потоа ја напуштил прес салата.
Neymar got emotional as Tite praised his character. pic.twitter.com/JvBb8XDcD1
— ESPN FC (@ESPNFC) November 11, 2017