Top Sport

Тонга со славна рагби-победа над Нов Зеланд

Малата островска држава Тонга стигна до славна победа од 28:22 над фаворизираните Нов Зеланд за пласман во четврт-финалето на Светскиот куп, каде што ќе играат со Либан.

Тимот од островот од Пацификот се врати од 16:2 негатива на полувреме со хет-трик обиди на крилото Дејвид Фуситуа за да се замолчат 25-те илјади фанови на стадионот „Ваикато“ во Хамилтон, Нов Зеланд.

Со оваа победа, Тонга е на првото место во својата група, додека Нов Зеланд како второпласиран игра со Фиџи. Тонга ако го мине четврт-финалето може да „налета“ на Англија.

Scroll to Top