Бразилскиот селектор Тите луто одговори на „провокацијата“ од американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатиот месец се шегуваше за неуспехот на Бразил на СП во Русија.
Трамп го пречека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во Вашингтон минатиот месец, а кога доби прашање од бразилски новинар со насмевка одговори: „Фудбалска земја. Мислам дека имавте некој проблем неодамна“.
Пред пријателскиот меч со Ел Салвадор во САД, Тите ја крена раката и покажа пет прста.
„Мојот одговор за Трамп е дека имаме пет светски титули. Да ја знае историјата ќе го знае тоа“, вели Тите.
Бразил и Ел Салвадор играат во Мериленд, каде што ако настапи Нејмар ќе се израмни со Пеле со 92 настапи за „селесао“, иако Кафу е засега недостижен со 142 настапи. Нејмар е трет по бројот на голови за Бразил (58), зад рекордерот Пеле со 77.
Фото: ЕПА