Top Sport

Погледнете ги најдобрите реклами на Супер бол 51 (видео)

Супер бол натпреварот, што всушност е финале на американската НФЛ лига е познато по високите цени за билети, шоуто на полувремето на кое секогаш има големи ѕвезди, скарите кои се прават пред стадионот, и секако, рекламите кои посебно се прават за овој натпревар и кои чинат вистинско богатство.

Канзас Сити чифс стигнаа до драматична 31:20 победа над Сан Франциско 49ерс, а зад оваа битка имаше и битка на големите компании кои најмија голем број на филмски ѕвезди за своите реклами.

Рекламно место од 30 секунди за мечот во неделата навечер чинеше околу 5.6 милиони долари. Покрај продавањето продукти, имаше и политика – Доналд Трамп со својата кампања за реизбор во 2020 и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг со својата кампања за претседател.

Scroll to Top