Црногорскиот голман Немања Шчекиќ е третото засилување за Брегалница во летниот преоден рок пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Шчекиќ (30 години, 193 сантиметри висок) има богата фудбалска кариера, а во редовите на Брегалница доаѓа од Рудар Приједор, од шампионатот на БиХ каде настапуваше изминатава сезона.
Претходно во својата кариера, новиот чувар на мрежата на Брегалница, кој потекнува и од младинските школа на белградски Партизан, има настапи и за Чукарички и за Земун во Суперлигата на Србија, во црногорски Могрен, унгарска Бекешчаба, бугарската Монтана како и во Лори Ванадзор во Ерменија.
Тимот на Брегалница од денеска заминува на подготовки во Пехчево.