Top Sport

Фернандињо се врати таму каде што почна да игра фудбал

Ветеранот Фернандињо го напушти англискиот шампион Манчестер Сити и се врати во својот матичен клуб во Бразил, Атлетико Параненсе. Тој дебитираше за првиот тим на овој клуб во 2002 година и играше за Атлетико играше до 2005 година.

Потоа се пресели во Шахтјор Доњецк за кој настапуваше до 2013 година, а потоа имаше одлична авантура во Манчестер Сити.

„Доаѓањето во Атлетико Параненсе беше моја желба. Сакам да ја завршам кариерата во тој клуб и сакам да играм само во овие три клуба. Кога ќе погледнам назад, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од целата моја кариера”, изјави Фернандињо.

Дефанзивниот играч за врска со Бразил учествуваше на две светски првенства, во 2014 и 2018 година, а во 2019 година беше победник на Копа Америка.

Scroll to Top