Top Sport

Брегалница закажа пријателски меч со Пирин Благоевград

Македонскиот прволигаш Брегалница паузата поради активностите на националните репрезентации ќе ја искористи да одигра пријателски натпревар пред продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Штипските „сини“ договорија пријателски натпревар со бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград кој ќе се одигра в сабота (24. септември) со почеток од 15 часот по македонско време на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград.

Тоа ќе биде уште една можност за шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски за проверка и на играчите кои се со помала минутажа низ првенствените дуели, но и за одржување на натпреварувачкиот ритам на составот.

Scroll to Top