Top Sport

Брегалница доведе напаѓач од Јамајка

Македонскиот прволигаш Брегалница доведе уште едно засилување. Тоа е напаѓачот Колин Андерсон од Јамајка.

24-годишниот офанзивец е репрезентативец на Јамајка, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Арнет Гарденс исто така во домашниот шампионат.

Андерсон досега има два официјални настапи за репрезентацијата на Јамајка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

 

 

Scroll to Top