Top Sport

Брегалница ги почнува подготовките на 26.јуни

Македонскиот прволигаш Брегалница подготовките за новата сезона во Првата лига ќе ги стартува на 26. јуни, објави клубот од Штип. Тогаш ќе бидат реализирани лекарските прегледи и ќе биде означен старт на летниот тренажен процес.

Согласно програмата на тренерот Горан Здравков, првата фаза од подготовките ќе се одвива во Штип и во Пехчево.

„Во Пехчево ќе ја реализираме почетната фаза од подготовките, а потоа во зависност од договорените пријателски натпревари тактично-техничките подготовки ќе бидат во Банско или во Охрид. Но, одлуката околу тоа ќе зависи од договорените тестови. Планираме одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона“, изјави шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.

 

Scroll to Top