Во финишот на преодниот рок во летниот трансфер период, Брегалница дополнително го засили офанзивниот среден ред со интернационалецот од Гамбија, Соломон Кинг Канформ.
25-годишниот Канформ кој игра како офанзивен играч за врска, доаѓа од екипата на Шеик Џамал Данмонди од првенството на Бангладеш каде настапуваше изминативе три сезони со 95 настапи на официјални натпревари притоа постигнувајќи 48 погодоци, потврдувајќи ги своите офанзивни предиспозиции. Сега доаѓа како засилување за тимот на Горан Здравков низ актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Ново име во редовите на „сините“ е и младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски.
20-годишниот Кочанковски ќе биде освежување за средниот ред.
Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.