Велика Британија повеќе не е дел од Европската унија (ЕУ) и тоа ќе влијае и врз спортот. Како што пренесуваат британските медиуми, тимовите од Премиер лигата се соочуваат со нови проблеми поради Брегзитот.
Бидејќи Велика Британија повеќе не е дел од ЕУ тоа значи дека фудбалерите кои не се Британци ќе мора да имаат работна дозвола.
На пример, ниту еден француски фудбалер во Премиер лигата, во последните две години нема одиграно 30 отсто од натпреварите на репрезентацијата. Тоа значи дека тие не би добиле работна дозвола.
Ова најмногу ќе го почувствуваат клубовите од Премиер лигата во кои играат голем број на странски фудбалери. Исто така, на клубовите ќе им бидат забранети трансферите на фудбалерите помлади од 18 години, кои не се Британци.
Клубовите ќе можат да реализираат најмногу три трансфери на играчи помлади од 21 година, во еден трансфер период.