Клубовите што се натпреваруваат во англиската Премиер лига ќе расправаат за предлогот на Фудбалската асоцијација (ФА), поради Бргзитот, да биде намали бројот на странски фудбалери во клубовите.
Во моментов, клубовите во Премиер лигата можат да имат и по 17 фудбалери од странство, а планот на ФА е од 2020 година тој број да биде намален на 12. ФА смета дека со оваа мерка ќе се отвори повеќе простор за младите англиски играчи.
Во тековната сезона дури 13 екипи имаат повеќе од 12 странски фудбалери во своите ростери.
Предлогот доаѓа како последица од одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.
За овој предлог клубовите ќе расправаат в четврток, а на состаникот треба да присуствуваат претставнци на сите клубови во Премиер лигата.
Една од точките на утрешниот состанок ќе биде и воведувањето на ВАР-технологијата во Премиер лигата.