Барнли и Фулам одиграа 1:1 во заостанат меч од 17. коло во Премиер лигата, во меч во кој поените беа драгоцени за двата тима во борба за опстанок, и во кој апсолутно неверојатен меч имаше ирскиот репрезентативец Роби Брејди.
Тој доби шанса од менаџерот на Фулам, Шон Дајч да влезе во игра во 40. минута од мечот, за само што почна второто полувреме да добие жолт картон, и потоа во 49. минута не успеа да ја извади топката од сопствениот гол по обидот на Оле Аина за да дозволи Фулам да поведе со 0:1. Дајч очигледно не беше импресиониран и го извади од игра во 64. минута од мечот откако Ешли Барнс израмни на 1:1.
Барнли сега се 15-ти со 27 поени, додека Фулам се на 18-тото место со 19 поени.