Top Sport

Брејтвајт нема намера да ја напушти Барселона

Мартин Брејтвајт нема намера да ја напушти Барселона. Данецот, верува дека може да се избори за место во тимот. Брејтвајт во Барселона пристигна од Леганес, во февруари 2020 година за 18.000.000 евра. Тогаш Барселона мораше да го донесе бидејќи во тој период Луис Суарез и Усман Дембеле поради повреди ја завршија сезоната.

Мартин Брејтвајт, одлично ја започна минатата сезона кај Роналд Куман. Беше стартер на првите три натпревари, постигна два гола и забележа една асистенција, но потоа се повреди.

Отсуствуваше од тимот речиси осум месеци. До крајот на сезоната одигра 10 минути против Осасуна во Примера и 12 минути против Атлетик Билбао во Купот на Кралот.

Чави му соопштил на Данецот дека може да си бара нов клуб, но тој нема намера да го стори тоа. Има договор до јуни 2024 година, плата од четири милиони евра и став дека може да се избори за своето место под сонцето.

Барселона и покрај тоа што Чави нема да смета на него нема намера да го пушти без оштета. За Брејтвајт клубот бара осум милиони евра. Наводно интерес покажале Брајтон и Вест Хем.

Scroll to Top