Top Sport

Брејтвајт сака поголема плата за да се пресели во Мајорка!

Барселона се обидува да се „ослободи“ од Мартин Брејтвајт, и најавениот трансфер во Мајорка е неизвесен откако данскиот напаѓач наводно побарал повисока плата од таа која ја добиваше во Барселона.

Според „Мундо депортиво“, Брејтвајт најмногу би сакал да остане на „Ноу Камп“ и смета дека може да биде корисен за тренерот Чави, посебно ако Пјер-Емерик Обамејанг и Мемфис Депај заминат од клубот. Меѓутоа, каталонскиот клуб не гледа можност за ваква опција и би сакале да се ослободат од неговата плата.

Опцијата за преселба во Мајорка е реална, но клубот јасно му порачал да го „намали апетитот“ ако сака да биде постојан пред Светското првенство во Катар.

Scroll to Top