Top Sport

Мајката на аутистичното дете: Роналдо е најарогантниот човек со кого сум зборувала

Сара Кели, мајката на 14-годишното аутистично момче чиј телефон го искрши Кристијано Роналдо минатата сезона, го опиша Португалецот како „најарогантен човек“ на светот и планира да го тужи за инцидентот кој се случи на минатогодишниот меч Евертон-Манчестер јунајтед.

Лут од 1:0 поразот на „ѓаволите“, Роналдо удри по раката на 14-годишниот Џејкоб Хардинг, оштетувајќи го неовиот телефон, во инцидент кој го испита полицијата на Мерсисајд и неодамна одлучи да му издаде само предупредување и тој избегна кривична пријава.

Кели, пак, тврди дека одбила можност да се сретне со Роналдо по инцидентот, но дека подоцна тој и се јавил во 10-минутен разговор во кој барал симпатии.

„Ме праша дали сакам да дојдам да се запознаам со неговото семејство. Ми кажа: ‘Не сум лош татко’,јас му одговорив дека никогаш не го кажав тоа. Потоа ми кажа дека имал тешко детство и дека го загубил таткото. Му одговорив: ‘Секој има тажна приказна Роналдо, јас го загубив мојот татко рано, имав рак’. Тој постојано ме нарекуваше Џек. Тој беше најарогантниот човек со кој сум зборувала и мислам дека сакаше само да се извлече“, вели Кели за „Мирор“.

Scroll to Top