Фудбалерите на Вулверхемптон ја продолжија серијата успешни резултати. Четвртата победа на последните пет натпревари, Вулвс ја забележаа во лондон, против Брентфорд (2:1). Вулверхемптон со 34 бода се осми на табелата и до крајот на сезоната ќе се борат за места кои носат пласман во европските купови.
Брентфорд и Вулверхемптон одиграа натпревар кој траеше два и пол часа. Само првото полувреме траеше 71 минута. Најпрвин натпреварот беше во прекин откако Јенсен и Хенри имаа судар со главите. На крајот двајцата го напуштија теренот.
Веднаш потоа над стадионот се појави дрон, поради што судијата Бенкс го прекина натпреварот.
Головите паднаа во второто полувреме. Ветеранот Жоао Мутињо постигна гол во 48.минута, а во 78.минута му асистираше на сонародникот Рубен Невеш кој го постави конечниот резултат 2.1.
Голот за Брентфорд е дело на Ајван Тони во 71.минута.