Новиот прволигаш Брентфорд го продолжи одличниот старт на новата премиерлигашка сезона, победувајќи со 0:2 на гости кај Вулверхемптон и покрај тоа што два гола им беа поништени во првото полувреме, а од 65. минута играа со 10 играчи.
Ајван Тони во 28. минута од мечот од пенал ги донесе гостите во водство, неколку минути откако му беше поништен гол поради офсајд. Само две минути подоцна тој уште еднаш ја смести топката во мрежата, но повторно ВАР системот му го поништи голот. Фантастичната партија 26-годишниот Англичанец ја потврди во 36. минута, кога му асистираше на Брајан Мбуембо за 0:2.
Шендон Баптист доби два жолти картони за пет минути за да ги остави „пчелите“ со играч помалку, но тие успеаја да изддржат за втора победа во пет кола. Вулфс на Бруно Лаже, пак, имаат дури четири порази во првите пет кола.