Top Sport

Брера е во криза, домашен пораз од Гостивар

АП Брера Струмица ја продлабочи кризата во која се наоѓа. Екипата од Струмица нема победа од 24. август. Мечот со Гостивар беше петти на кој АП Брера не успеа да победи.

Попладнево Гостивар го однесе бодовите од Струмица. Минималната победа 0:1 и продолжување на успешната серија (Гостивар нема пораз на последните четири натпревари) ја донесе Кехинде во 15.минута.

Воска во Охрид ја победи Македонија ЃП со головите на Марушиќ. Стрелец за екипата од Ѓорче Петров го постигна Алексовски. Во 77.минута Мишевски не реализираше пенал за Македонија ЃП:

Победа 2:1 забележа Брегалница против Работнички. Андерсон го постигна првиот гол, Мазари израмни, а во второто полувреме Вебстер погоди за победа на Брегалница.

Без победник заврши натпреварот Тиквеш-Шкупи. По еден гол постигнаа двата тима. Спахиу беше стрелец за домаќините, а Воша за гостите.

ПМФЛ 10. Коло

Тиквеш – Шкупи 1:1
Брера Струмица – Гостивар 0:1
Брегалница – Работнички 2:1
Воска – Македонија ЃП 2:1

Недела, 11.октомври:

Вардар – Шкендија
Струга ТЛ – Силекс

Табела:

Scroll to Top