Top Sport

(Видео) Брилијантен меч во Билбао – Атлетик победи со гол во 98. минута

Foto/ EPA

Атлетик Билбао и Селта го одиграа можеби и натпреварот на сезоната во Примера. На карјот тимот од Билбао победи со 4:3 со гол во осмата минута од судиското надополнување.

Четири гола беа постигнати во првото полувреме. Селта два пати водеше со головите на Аспас и Бамба, но Атлетик се враќаше преку Сансет и Гурузета.

На стартот на вториот дел Атлетик го презеде водството, Гурузета повторно беше стрелец. Тимот од Виго имаше сили да возврати, па израмни преку Ларсен во 66. минута.

Претходно на гостите им беше поништен гол, поточно на Ларсен, по интервенцијата на ВАР-собата беше утврдено дека Норвежанецот е во офсајд позиција.

Селта можеше да поведе, но во 72. минута Аспас промаши пенал.

Казтаната за тимот на Рафа Бенитез беше сурова, стигна во 98.минута, кога невнимателниот Мингеза играше со рака, а Билбао доби пенал. Одговорноста ја презеде Беренгер кој го совлада Гуаита.

Scroll to Top