Top Sport

Брилијантен потег – Исланѓанец постигна гол од половина терен

На натпреварот од Исландскиот куп, наречен Бикарин, помеѓу Гриндавик и Валур е виден феноменален гол.

Фудбалерот на Гриндавик, Оскар Хауксон, постигна гол од половина терен во 74. минута од натпреварот. Хуаксон забележа дека голманот на Валур е далеку од гол линијата и со прецизен удар успеа да ја погоди мрежата.

Голманот можеше само со поглед да го испрати летот на топката.

Овој брилијантен потег лесно би можел да конкурира во наградата „Пушкаш“ за гол на годината.

 

Scroll to Top