Македонија ЃП и Струга Трим Лум, ќе го одиграат јубилејното 30. финале на Купот на Македонија. Екипата од Ѓорче Петров го брани трофејот, против актуелниот шампион, кој ќе се обиде да ја освои дуплата круна.
Македонија ЃП, во своето петто финале во клупската историја, ќе се обиде да го освои третиот трофеј. Од друга страна, стружани прв пат ќе се борат за овој трофеј, имаат намера најуспешната сезона во клупската историја да ја завршат со уште еден трофеј.
Со победа во финалето, екипата на Македонија ЃП ќе има европско лето во квалификациите во Лигата на Конференции, додека Струга Трим Лум што и да направи ќе ја претставува нашата земја во квалификациите во Лигата на шампионите.
Патот на двете екипи до финалето во Купот на Македонија:
Македонија ЃП
1/8 Финале: Победа – Македонија ЃП 0:2
1/4 Финале: Македонија ЃП – А.Пандев 1:0
1/2 Финале: Шкендија – Македонија ЃП 1:1 (3:4 пенали)
Струга Трим Лум
1/16 Финале: Вардар (Н) – Струга ТЛ 1:2
1/8 ФИНАЛЕ: Струга ТЛ – Работнички 2:1
1/4 ФИНАЛЕ: Струга ТЛ – БрегалницаА 2:0
1/2 ФИНАЛЕ: Струга ТЛ – Силекс 1:0
Финалето ќе се одигра во тренинг центарот на ФФМ, на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 17 часот.