„Вембли“ ќе биде домаќин на седум натпревари на Европското првенство во фудбал во 2020 година, откако белгиската престолнина Брисел го загуби правото на организација на натпреварите.
Стадионот во Брисел уште не е изграден и УЕФА не доби доволно гаранции дека сè ќе биде подготвено до крајниот рок. „Вембли“ претходно требаше да биде домаќин на полуфиналињата и на финалето, но сега ќе има и три меча по групи и еден дуел од осминафиналето.
Евро 2020 ќе биде првиот континентален шампионат на кој ќе се игра со нов формат, со натпревари по групи во повеќе градови низ цела е вропа – Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Даблин, Билбао, Глазгов и Копенхаген. И „Арената Филип Втори“ во Скопје се кандидираше за организација, но не го доби правото.
#UEFAExCo: Breaking news@UEFAEURO 2020: Host city pairings confirmed:
Group A: Rome & Baku
Group B: Saint Petersburg & Copenhagen
Group C: Amsterdam & Bucharest
Group D: London & Glasgow
Group E: Bilbao & Dublin
Group F: Munich & BudapestMore to follow pic.twitter.com/UeQd8kHTVg
— UEFA (@UEFA) December 7, 2017