Top Sport

Кутињо не може да вети дека ќе остане во Ливерпул

Филип Кутињо вели дека ќе го дава својот максимум за Ливерпул, но „не знае“ што ќе се случи и дали ќе остане на „Енфилд“, иако британските медиуми тврдат дека доколку не се случи долгоочекуваниот трансфер во Барселона во јануари, тогаш тој ќе остане во тимот.

Бразилецот не го криеше разочарувањето кога Ливерпул ги одби трите понуди на Барселона во летниот преоден рок, но потоа продолжи да игра и да блеска во црвениот дрес, вклучувајќи го натпреварот во средата против Спартак Москва, кога го постигна првиот хет-трик за Ливерпул.

„Јас сум во Ливерпул и секогаш го давам мојот максимум кога ќе добијам шанса да играм, го почитувам дресот и навивачите. Не знам што ќе донесе иднината. Тоа што ќе се случи во јануари ќе го дознаеме во јануари. Не знам дали ќе има понуда. Минатата година имав понуда и како секој вработен бев заинтересиран. Но, бидејќи останав, ќе играм со срце. Многу работи се случија, но јас сум професионалец“, изјави Кутињо, кој има 9 гола во 13 настапи за Ливерпул оваа година.

Хет-трикот против Спартак покрај тоа што беше негов прв во клубот, Кутињо може да се пофали дека ја носеше капитенската лента.

„Беше многу посебно поради резултатот, и поради тоа што ја имав капитенската лента во толку важен клуб. Ова е мојот најважен хет-трик, прв во Лигата на шампиони. Имам еден за Бразил, но овој беше позначаен“, вели Кутињо.

Според „Мундо депортиво“, Ливерпул се согласиле да го продадат Кутињо, само ако Барселона понуди 128 милиони фунти, сума која е превисока за Каталонците.

„Седумката“ на Ливерпул осигура пет англиски тимови во осминафиналето (видео)

Scroll to Top