Фудбалерите на Бристол Роверс, во последното коло во Лига 2, на неверојатен начин успеаја да изборат пласман во Лига 1. Бристол пред натпреварот имаа практично само теоретски шанси им беше потребна победа од пет гола разлика.
Избраниците на поранешниот фудбалер Џои Бартон во последното коло мораа да надополнат пет гола и успеаја. Славеа против Сканторп со 7:0.
Пласман во Лига 1 во пресрет на последното коло обезбедија Форест Грин Роверс и Ексетер, а за третото место кое води и директно во повисок ранг, најголем фаворит беше Нортхемптон. Тој тим имаше дури пет гола предност во гол разлика, а во последното коло гостуваше кај Бароу, додека Бристол дома играше против отпишаниот Сканторп.
На полувреме Нортхемптон водеше со 3:1, а Бристол со 2:0, што значеше дека тимот на Бартон мораше да надополни пет гола во вториот дел, што го направи на спектакуларен начин.
На крајот Бристол и Нортемптон сезоната ја завршија со 80 бода и гол разлика +22, но Бристол отиде директно во Лига 1 поради повеќе постигнати голови (71 наспроти 60).
На Бристол многу му помогна фактот што Сканторп играше со младинскиот тим, што го правеше во последните шест кола откако и теоретски испадна од лигата.
Гостите во тимот имаа осум играчи од академијата, двајца од јуниорскиот тим и еден 17-годишен голман на кого ова му беше прв настап за првиот тим.
Навивачите на другите клубови по натпреварот остро го критикуваа гостинскиот тренер на Твитер, кој ги стави младите играчи без ниту еден повозрасен или стандарден играч во првиот тим во толку важен натпревар за исходот на сезоната.