Top Sport

Британци го купуваат поранешниот прволигаш Палермо

Претседателот на Палермо, Дарио Мири во Лондон преговара за продажба на клубот на британск инвестициски фонд, кој би овозможил клубот повторно да се врати во италијанската елита.

„Росанеро“ играат во Серија Ц оваа сезона, откако во 2019 година клубот банкротираше и беше исфрлен од баражот за влез во Серија А.

„Има луѓе кои сакаат да инвестираат во клубот, да донесат сериозни луѓе со големи финансиски можности. Има можност за огромен профит во фудбалот, и во овој случај се работи за фонд кој сака да направи големи работи во Палермо“, изјави Мири за „Ла република“.

Scroll to Top