Top Sport

Како покрај Салах, Кристијано Роналдо стана играч на месецот?

Кристијано Роналдо е најдобар играч во Премиерлигата за месец септември, освојувајќи ја наградата веднаш по своето враќање во Манчестер јунајтед, иако повеќе коментатори, предводени од Гери Линекер вели дека е невозможно што оваа награда не заврши кај Мохамед Салах.

„Кристијано беше фантастичен, но Мо Салах мораше да го добие ова… Убедливо“, напиша Линекер на Твитер.

Салах постигна голови во сите три меча во Премиерлигата во септември, идентично како Роналдо, и имаше поголемо влијание на играта на неговиот тим отколку 36-годишниот Португалец. Роналдо ја стартуваше сезоната против Њукасл на 11 септември, постигнувајќи два гола, а потоа израмни против Вест хем во вториот меч, пред да остане без голови при 0:1 поразот од Астон вила.

Други кандидати за најдобар играч во септември беа Андрос Таунзенд од Евертон, кој постигна голови против Барнли и Норич и Алан Сен-Максимен, кој иако Њукасл не успеа да победи, беше најдобар поединец за клубот.

Роналдо, инаку, претходно четири пати беше прогласуван за играч на месецот во Премиерлигата пред да замине во Реал Мадрид.

Scroll to Top