Британскиот премиер Борис Џонсон, ја поддржал потенцијалната заедничка кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска за организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Кандидатурите за организација на СП во 2030 година ќе можат да се поднесат наредната година. Британците веќе започнале да ги разгледуваат сите опции и заедничката кандидатура.
„Заинтересирани сме за можноста во 2023 година фудбалот да го вратиме дома, мислам дека тоа е исправно. Овде е домот на фудбалот, мислам дека тоа би било фантастична вест за целата земја“, рекол премиерот на владата на Велика Бротанија, Борис Џонсон.
Владата кандидатурата на Велика Британија ќе ја подржи со 2,8 милиони фунти, соопшти Фудбалската асоцијација.
Англија во 1966 година го организираше Светското првенство во фудбал, кога и ја освои единствената титула.
Инаку, СП во 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години подоцна домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.