Обединетото Кралство и Република Ирска се откажаа од кандидатурата за организација на Светското првенство во фудбал, во 2030 година. Фокусот ќе го насочат кон заедничката кандидатура за Европското првенство што ќе се одржи во 2028 година.
Владата на Велика Британија, по спроведената детална анализа, заклучила дека организацијата на Мундијалот претставува „скап проект“.
„ЕУРО нуди слично враќање на вложеното, со значително помали трошоци за самата организација“, се наведува во соопштението.
За потсетување, Англија, беше еден од организаторите на последното Европското првенство. Завршницата на ЕУРО 2020 се играше на „Вембли“ во Лондон.