Повеќе од 1.300 фудбалски фанови од Англија и Велс добија забрана да патуваат во Катар за Светското првенство, потврди британскиот Хоум офис (министерство за внтрешни работи). Новата мерка, која стапува на сила в петок, е преземена за да не се дозволи на навивачите кои имаат досиејаа да патуваат на Мундијалот, кој стартува на 20 ноември.
„Нема да дозволиме однесувањето на дел од тие кои ги прекршуваат законите да го уништат првенството“, изјави министерката, Суел Брејвермен, посочувајќи дека тие кои ќе го прекршат правилото ќе добијат затворска казна од шест месеци.
Минатата сезона имаше неочекувано зголемување на насилството во англискиот фудбал, а Премиерлигата воведе мерки за да се спречи реприза и ова сезона.