Top Sport

Бриж го руши трансфер рекордот во Белгија, и тоа со стопер

Актуелниот фудбалски шампион на Белгија, тимот на Бриж договори рекорден трансфер, за белгиски услови. Стоперот Одилон Косуну (20) кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Баер Леверкузен.

Младиот стопер во Бриж дојде во 2019 година од Хамарби за безмалку 4 милиони евра, а сега германскиот тим за него дава 30 милиони евра.

Моментно рекордот во Белгија го држи Џонатан Дејвид кој од Гент во Лил премина за 27 милиони евра, додека селидбата на Жереми Доку од Андерлехт во Рен чинеше 26 милиони евра.

Над границата од 20 милиони евра одеше и Јури Тилеманс, Сандер Берге, Виктор Осимен, Маруан Фелаини и Леандро Трошар.

На местото на Косуни се очекува Бриж да го ангажира 22-годишниот Стенли Нсоки, производ од школата на ПСЖ, а моментно играч на Ница.

Scroll to Top