Top Sport

Бронзата на КАН за Јужна Африка

Фудбалерите на Јужна Африка го освоија третото место на Африканскиот куп на нации (КАН). Во малото финале, по изведувањето пенали тие го победија ДР Конго со 6:5. Натпреварот во регуларните 90 минути и по продолженијата заврши без голови.

Првиот пенал во јужноафриканскиот тим го промаши Тебохо Мокоена, по што погодија Нкосинати Сибиси, Табанг Номаре, Обри Модиба, Закеле Лепаша, Освин Аполис и Сијанда Ксулу.

Самуел Мутусами, Оменике Мфулу, Седрик Бакамбу, Јорис Кајембе и Жоан Виза ги постигнаа головите во тимот на Конго, а непрецизни беа Шансел Мбемба во петтата серија и Мешак Елија во седмата серија.

Домаќините на натпреварувањето, Брегот на Слоновата Коска и Нигерија, вечерва од 21 часот ќе се борат за титулата на КАН.

Scroll to Top