Top Sport

Брозовиќ е нов фудбалер на Ал-Наср

Заврши една од најдолгите трансферни саги во овој летен преоден рок. Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ (30) по осум години го напушти италијанскиот Интер и стана играч на саудискиот Ал-Наср, актуелниот вицешампион на таа земја, каде што ќе ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо.

Долго траеја преговорите на Саудијците со Интер за отштетата што ќе ја платат за хрватскиот играч за врска, како и преговорите со самиот Брозовиќ за висината на приходите што ќе ги има во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Интер од неговата продажба ќе заработи 18 милиони евра.

Брозовиќ според тригодишниот договор ќе заработува околу 28 милиони евра по сезона, што го прави најплатениот хрватски фудбалер во историјата.

 

Scroll to Top