Интер се подготвени да го продадат Марцело Брозовиќ на саудискиот Ал-Наср откако Хрватот ги расипал односите со речиси сите во италијанскиот клуб, тврид „Ла газета дело спорт“.
Хрватот е во Интер од 2016 година и беше клучен играч на „нераѕурите“ во седум сезони, но ситуацијата се сменила минатата сезона иако тој потпиша четиригодишен договор во март. Според „Газета“, проблемите почнале со повредата на Брозовиќ пред Светското првенство во Катар и неговата повреда.
На Мундијалот тој ги одигра сите минути за Хрватска, но се врати во Интер со повреда, што во Интер било протолкувано како непочитување кон клубот. Покрај тоа, повредата не била рехабилитирана под водство на медицинскиот тим на клубот, туку со личниот физиотерапевт, Андреја Милутиновиќ, кој инаку има врски со лутиот градски ривал Милан.
Проблем бил и во однесувањето на Брозовиќ на тренинзите и во разговорите со тренерот Симоне Инзаги. Последниот конфликт настанал кога Хрватот се обидел да и издејствува и исплата од Интер пред неговиот трансфер во Саудиска Арабија.