Top Sport

Во Аталанта се изнасмеале на понудата од 35 милиони евра од Јунајтед за Хојлунд

Манчестер јунајтед повторно се мачат за добивање на посакуваните засилувања ова лето, откако Аталанта одби 35 милиони евра за трансферот на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, иако постои надеж дека ќе дојде до договор.

„Ѓаволите“ имаат буџет од само 120 милиони фунти за трошење ова лето, и откако го договорија Мејсон Маунт од Челси (за наводни 60 милиони фунти), остануваат релативно малку пари за потпис на напаѓач и на голман (доколку Давид де Хеа не продолжи). Виктор Осимен, Рандал Коло Муани и Хери Кејн беа меѓу желбите на Ерик Тен Хаг, но дефинитивно нема да имаат доволно средства за нивно ангажирање.

Според „Кориере дело спорт“, Јунајтед ја дале првата понуда од 35 милиони евра за Хојлунд, нешто што наишло на смеење од страна на италијанскиот клуб, кој бара минимум 60 милиони евра за 20-годишниот напаѓач, кој има четири години од својот договор и пристигна во Серија А минатата сезона од Штурм Грац.

Scroll to Top