Минатата сезона беа подготвени да го продадат, а сега Инер на Марсело Брозовиќ му нудат нов договор. Хрватот игра одлично сезонава и е еден од клучните фудбалери во тимот на Антонио Конте.
Колкаво влијание има Брозовиќ врз играта на Конте говори и информацијата дека тренерот од клупските челници побарал во неговиот нов договор да нема откупна клаузула.
Во актуелниот договор на Брозовиќ, кој истекува во 2022 годинам откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.
Брозовиќ од 2015 година е фудбалер на Интер, сезонава одиграл 23 натпревари во Серија А на кои постигнал три гола.