Top Sport

Брозовиќ му донесе победа на Интер на „Луиџи Ферарис“ (Видео)

Фудбалерите на Интер како гости ја победија Сампдорија во петтото коло, во Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна Марцело Брозовиќ буквално во последните секунди од натпреварот.

На „Луиџи Ферарис“ стадионот во Џенова, вистинската драма се случуваше во последните минути, кога два пати „работеше“ Вар-системот. Најпрвин по прегледувањето на снимката, во 88.минута беше поништен голот на Интер, а веднаш потоа беше поништен и голот кој за Сампдорија го постигна Дефрел.

Претходно најдобрата шанса ја имаше крилниот играч на Интер, Кандрева, по чии удар топката заврши во дирекот.

Решавачкиот момент се случи во 93.минута, кога Брозовиќ една одбиена топка со прецизен удар успеа да ја смести во мрежата.

Двата тима по пет кола имаат освоено по седум бода.

Scroll to Top