Интер вчера испуштија без два бода на гостувањето во Лече и останаа без еден од највлијателните играчи во досегашниот дел од сезоната Марсело Брозовиќ.
Хрватот кој е незаменлив кај Антонио Конте во редот за врска поради повреда го напушти теренот во 82 минута.
Брозовиќ го повредил глуждот на левата нога поради што на патерици го напуштил стадионот. Клубот не соопшти колкава пауза го очекува хрватскиот репрезентативец.
Брозовиќ од почетокот на сезоната има пропуштено само еден натпревар. Вкупно одиграл 26 натпревари на кои постигнал два гола и забележал пет асистенции.