Top Sport

Брозовиќ возел пијан и поминал на црвено, казна од полиција, но и од Интер

Играчот од среден ред на Интер, Хрватот Марсело Брозовиќ остана без возачка дозвола и без џипот вреден 300.000 евра откако во Милано поминал на црвено.

Полицајците виделе што направил фудбалерот, го запреле, а тогаш установиле дека прекршокот го направил во алкохолизирана состојба, со 0.6 промили алкохол во крвта.

Возачката дозвола му е одземена на 6 месеци, а привремено останал и без автомобилот со кој го сторил прекршокот.
Брозовиќ добил казна и од неговиот клуб. Од Интер го казниле Хрватот со 100.000 евра, но постоеше и можност тренерот Антонио Конте да го исфрли од екипата на следниот меч. Сепак, се чини дека последниов дел од казната нема да се случи.

Брозовиќ во алкохолизирана состојба зад воланот бил фатен и во татковината, за Божиќ 2016 година. Тогаш му биле измерени 0.87 промили, а автомобилот го возел без возачка дозвола.

View this post on Instagram

?

A post shared by Super]Kralj[tata]BroZ (@marcelo_brozovic) on

Scroll to Top