Top Sport

Бруно Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија има старо-нов тренер, откако Бруно Акраповиќ по вторпат ќе седне на клупата на тетовскиот клуб по отказот за Ернест Ѓока по катастрофалните настапи во европските купови.

53-годишниот босанскохерцеговски тренер се враќа во Тетово по пет години, откако во 2015/16 ја предводеше Шкендија до титулата од Купот на Македонија.

Акраповиќ до минатата сезона беше тренер на бугарскиот гигант ЦСКА Софија.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top