Top Sport

Бруно Енрике е брз како ветер (Видео)

Играчот на Фламенго, Бруно Енрике, официјално е најбрзиот фудбалер во светот. На натпреварот помеѓу Фламенго и Интернасионал (2-0), во Копа Либертадорес,Енрике ги постигнал двата гола, а во еден момент трчал со брзина од 38 километри на час.

Претходно за восхит беа брзините што ги постигнале Лирој Сане (35,5 км/ч), Герет Бејл (36,9 км/ч) и Килијан Мбапе (37 км/ч).

За споредба, најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, кога во 2009 година го поставил светскиот рекорд на 100 метри трчал со просечна брзина од 37,6 км/ч, иако на таа трка во еден момент достигнал брзина од 44,72 км/ч.
Бруно Енрике игра одлична сезона, поради што доби и повик во репрезентацијата на Бразил. Тој е меѓу оние играчи што ќе играат на пријателските натпревари против Колумбија и Перу.

Scroll to Top