Top Sport

Роналдо: Феликс може да ги повтори моите успеси

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо говорел за новото засилување на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Тој истакнал дека неговиот сонародник би можел да ги повтори неговите успеси во Мадрид.

Феликс има 19 години, тој е најскапото засилување во историјата на Атлетико. Неговиот трансфер изнесуваше 126 милиони евра.

Новинарите ги интересирало што мисли Роналдо за Феликс и како неговиот млад сонародник ќе се снајде во Мадрид.

„Може ли да ги повтори моите успеси во Шпанија? Верувам во тоа, тој е одличен играч кој поседува огромен потенцијал што допрва треба да еволуира. Сепак, тешко е да се прават сметки во модерниот фудбал. Фудбалската индустрија доживеа големи промени и многу се вложува во разни потенцијали“, рекол петкратниот освојувач на Златната топка и човек кој за Реал постигнал 450 гола на 438 натпревари.

Scroll to Top