Top Sport

Бруно Фернадеш до Стефан Ристовски: Секогаш ќе бидеш цар

Португалската фудбалска ѕвезда, Бруно Фернадеш, му посака се најдобро во новиот тим на Стефан Ристовски. Фернандеш и Ристовски, две години беа соиграчи во Спртинг Лисабон, останаа добри пријатели и откако Бруно се пресели во Манчестер јунајтед.

Стефан Ристовски, од вчера и официјално е играч на Динамо Загреб. Хрватските медиуми објавија дека Динамо за неговиот трансфер издвои 1.300.000 евра.

Ристовски, воопшто не играше за Спортинг во првиот дел од сезоната, последните месеци тој дури и не тренираше со првиот тим.

Десниот бек на македонската репрезентација, на Инстаграм имаше емотивна објава со која се прости од Спортинг. На неговата објава коментар имаше и Бруно Фернандеш.

„Секогаш сè даваше за Спортинг, жалам што на ваков начин ја заврши авантурата во клубот. Секогаш ги почитуваше вредностите на Спортинг, беше чесен, напорно работеше, го даваше максимумот. Ти благодарам за сè она што го направи за мене додека бевме соиграчи. Секогаш беше цар, заслужуваш повторно да бидеш на теренот. Твоите успеси секогаш ќе бидат и мои“, напишал Бруно Фернандеш.

Scroll to Top