Top Sport

Бруно Фернандеш 34 пати загубил топка против Башакшехир!

Иако вообичаено е еден од подобрите во бледиот тим на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш имал ноќ за заборав во Истанбул, откако дури 34 пати ја загубил топката при 2:1 поразот од Башакшехир.

Португалецот од пристигнувањето во јануари е несомнено еден од најдобрите во составот на Оле Гунар Солскјер, но на „Фатих Терим“ тој имаше мизерна партија, со само еден удар на голот и 34 загубени топки, само нешто над 73 отсто успешни додавања и ниту една креирана шанса.

Овој натпревар доаѓа само неколку дена откако поранешниот помошник на Сер Алекс Фергусон, Стив Мекларен изјави дека „нешто не е во ред со Португалецот“.

„Го гледам Бруно Фернандеш и се гледа дека е разочаран. Разочаран е што е тргнат од средината и е поставен на десната страна. Се виде и против Њукасл и против Арсенал. Јазикот на телото покажува дека не е доволно вклучен во игра. Со игра на десната страна, не влијае на мечевите“, изјави во неделата Мекларен.

Scroll to Top