Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, конечно, објасни зошто своите голови ги прославува ставајќи ги рацете на ушите.
Во интервју за официјалниот веб-сајт на Јунајтед, Португалецот откри дека сѐ почнало со неговата ќерка, Матилде.
„Кога играв во Португалија, и ја започнував мојата втора сезона со Спортинг, мојата ќеркичка беше малечка и кога и зборувавме заедно со мојата сопруга, таа почна прво да ги става прстите во уши, а потоа да ги покрива. Затоа, решив да прославувам така за неа“, вели 26-годишниот Фернандеш.
Сепак, тој не е задоволен што на ТВ-преносите ова не се покажува секогаш.
„Морам да зборувам со ‘Скај’, бидејќи кога и да го направев тоа, никогаш не се појави на преносот и кога ќе дојдам дома таа ми кажува дека не го направив тоа за неа. Морам да и покажувам фотографии“, вели Фернандеш.