Top Sport

Бруно Фернандеш откри зошто прославува со рацете на ушите

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, конечно, објасни зошто своите голови ги прославува ставајќи ги рацете на ушите.

Во интервју за официјалниот веб-сајт на Јунајтед, Португалецот откри дека сѐ почнало со неговата ќерка, Матилде.

„Кога играв во Португалија, и ја започнував мојата втора сезона со Спортинг, мојата ќеркичка беше малечка и кога и зборувавме заедно со мојата сопруга, таа почна прво да ги става прстите во уши, а потоа  да ги покрива. Затоа, решив да прославувам така за неа“, вели 26-годишниот Фернандеш.

Сепак, тој не е задоволен што на ТВ-преносите ова не се покажува секогаш.

„Морам да зборувам со ‘Скај’, бидејќи кога и да го направев тоа, никогаш не се појави на преносот и кога ќе дојдам дома таа ми кажува дека не го направив тоа за неа. Морам да и покажувам фотографии“, вели Фернандеш.

Scroll to Top