Top Sport

Бруно Фернандеш се изрезили против Мидлсброу

Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеаја шокантна елиминација од ФА купот. „Црвените ѓаволи“, во четвртото коло, испаднаа од второлигашот Мидлзброу.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ по 120 минути игра заврши без победник 1:1. Пенал серијата им припадна на гостите со 8:7. Трагичар во пенал серијата беше младиот Еланга. 19-годишниот Швеѓанец, во осмата серија го префрли голот.

Претходно, Кристијано Роналдо не успеа да реализира пенал во 20.минута, при резултат 1:1. Ситуација слична на пенал, во второто полувреме, имаше и неговиот сонародник Бруно Фернадеш, но наместо празниот гол тој ја погоди стативата.

 

Scroll to Top